Кога Брајан Стјуарт на својот син му вбризгал инекција полна со крв заразена со ХИВ, не се надевал ни во сон дека 24 години подоцна на својот син ќе мора да му погледне в очи. И да биде уште полошо за Стјуарт, тој ќе може да го гледа својот син само во – затвор!

Брајан Џексон никогаш не го запознал својот татко, но бил истраен во тоа да го казни за сѐ што му сторил. Се дружеле рекордно кратко, но и за тоа кратко време таткото успеал да му го уништи животот. Џексон се соочил со својот татко во затвор во американската држава Мисури и тоа во тек на сослушувањето за пуштање на условна слобода. И размислил ли Џексон да се смилува на својот татко и на комисијата да ѝ каже неколку добри зборови за него? Ни случајо, тој сака да остане да гние зад решетки што е можно подолго!

jk

Самиот факт дека ќе се појави пред комисијата и ќе се соочи со својот татко за него е грандиозна победа. Имено, во 1992 година, кога му била дијагностицирана СИДА, никој не верувал дека тој би останал жив толку долго. На судењето Брајан дошол во друштво на неговата мајка. Татко му седел на само пет седишта оддалеченост.

– Гледав само право. Страшно внимавав да не ни се сретнат погледите.

Вели дека на улица не би го ни препознал својот татко. Го знам само по фотографиите од полиција.

Кога го повикале во собата, Џексон целосо се збркал, веќе не знаел што да направи.

– Во тој миг се запрашав – правилно ли постапувам? За среќа, таму беше мајка ми која ми даде храброст.

Џексон вдишал длабоко и ја започнал својата приказна. Сѐ почнало кога неговата мајка се запознала со неговиот татко на еден воен тренинг-камп во Мисури, каде што и двајцата се обучувале за лекари. Се заљубиле и неколку месеци подоцна неговата мајка останала бремена.

– Кога сум се родил, мојот татко бил среќен и возбуден. Но, сѐ се изменило кога се вратил од операцијата „Пустинска бура“. Целосно го изменил својот однос кон мене – раскажува Џексон.

Откако се вратил од Блискиот Исток, Стјуарт целосно полудел. Не го признавал детето, барал да се изврши ДНК тест, а почнал да ја злоставува и мајката на Брајан. Кога таа најпосле го оставила, брутално се закачиле околу плаќањето алиментација, т.е. Стјуарт не сакал да плаќа ништо.

– Често велел дека нема да го дочекам својот петти роденден.

За голема несреќа на Брајан, неговиот татко по некое чудо добил работа во некоја лабораторија за тестирање крв. Истрагата потоа утврдила дека крадел епрувети со заразена крв.

– Ако некому му го вбризгам ова, тој никогаш нема да дознае што му се случио – се фалел Стјуарт на пријателите, кои за жал не го сфаќале сериозно.

Кога Џексон имал 11 месеци, неговите татко и мајка изгубиле секаков контакт. И на тоа и би останало доколку неговата мајка случајно не направила нешто што ќе ѝ го обележи целиот живот. Брајан добил напад на астма, и неговата мајка го повикала Стјуарт, порачувајќи му дека Брајан е болен. Мислела дека човекот ќе се загрижи за своето дете…Но, тоа било голема грешка!

Денот кога Џексон требало да биде пуштен од болница, Стјуарт ненадејно го посетил. Со оглед дека дотогаш не покажувал никаков татковски нагон, сите биле зачудени.

– Кажал дека е жеден и ја пратил мајка ми по вода. Сме останале сами во собата. Од џебот извадил инекција полна со крв заразена со ХИВ и ја вбризгал во мене. Се надевал дека ќе умрам, за да не мора да плаќа алиментација.

Кога се вратила, мајката го нашла Џексон како плаче во прегратките на неговиот татко.

– Сум бил во критична состојба. Не само што вбризгал ХИВ во мене, туку ја погрешил и крвната група.

Докторите бргу дошле напомош, му го вратиле пулсот, му помогнале да дише нормално и по неколку дена го пуштиле дома. Не ни сонувале дека во вените на Брајан минува смртоносен вирус. По неколку седмици, неговата мајка забележала дека малото тело на нејзиниот син почнало да се – распаѓа. Четири години одела по болници и се обидувала да ја дознае неговата дијагноза, но никој немал поим што се случува со Џексон.

– Се сеќавам дека се будев во текот на ноќта, врескајќи дека не сакам да умрам – кажал Брајан.

Откако минал низ сите можни тестови, неговиот педијатар се решил на последниот очајнички чекор – тест за ХИВ.

– Тестот излегол позитивен, а докторите заклучиле дека не постои ни најмала надеж да преживеам. Ме наполниле со лекови за преостанатите пет месеци да ги проживеам како нормално дете. Целото детство го живеев од ден за ден. Еднаш ќе се чувствував одлично, а веќе неколку минути подоцна ме носеа во болница поради инфекција. Имав секакви здравствени проблеми, а како страничен ефект од лекарствата станав и наглув.

Но, како што одминувало времето, така и здравствената состојба на Џексон почнала да се подобрува.

– Сите деца кои ги запознав во болница умреа. Само јас преживеав.

Набргу тргнал и на училиште, со торба полна лекови, но и тој нов живот на Брајан набргу му се смачил.

– Бев со весела природа, пријателски настроен кон сите. Но, проблемот е во тоа што училиштето не ме сакаше. Се плашеа. Внимавајте, во тоа време луѓето мислеа дека сидата се пренесува и преку ве-це школката…

Со Џексон никој не сакал да се дружи, не го викале на родендени, излети…Но, проблемот не бил во децата, туку во нивните родители.

– Кога ќе ме видеа, викаа – детето со сида…Детето геј…Се чувствував изолирано, осамено…

Дури кога наполнил десет години, Брајан станал целосно свесен што му направил татко му.

– Бев бесен. Не само што сакал да ме убие, туку се потрудил и да го уништи мојот живот. Тој е заслужен за сите овие години минати в болница, за сите навредувања, омаловажувања…

Кога имал тринаесет години, ја открил Библијата. И решил да му прости на татко си.

– Не беше лесно, но не сакав да се спуштам на негово ниво.

Набргу го сменили името. Брајан Стјуарт Помладиот, станал Брајан Џексон.

– Со тоа ги прекинав сите врски со татко ми.

Во јули оваа година Брајан добил писмо од затворот на Мисури. Во него пишувало дека на неговиот татко му е одбиено барањето за условно пуштање и дека ќе мине в затвор најмалку уште пет години.

– Секако дека бев задоволен. Внимавајте, дури и денес живеам во страв дека ќе пуштат и тој ќе дојде да ја доврши работата – да ме убие. Можеби и му простив, но и понатаму сакам да си ги сноси последиците на своето гнасно злосторство.

Татко му на судот се бранел дека боледувал од пострауматско стресно пореметување, но Џексон не бил многу уверен во тоа.

– Невозможно, па тој никогаш и не бил на боиштето. Додека неговите војувале во Ирак, тој бил во Саудиска Арабија.

Тоа што е најчудно во целата приказна е здравствената состојба на Брајан Џексон.

– Здрав сум како коњ! Ма поздрав и од него. Малку се здебелив во последно време, но и понатаму се сметам за спортист! Сите наоди се одлични, лекарите велат дека и не постојат изгледи да заразам некого. Не знам што сум правел, но денес сум здрав човек – кажал Џексон, длабоко воздивнувајќи.

– Еднаш ХИВ позитивен, засеогаш ХИВ позитивен – тажно ја завршил својата приказна.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено