„Бабата“ му упатува еден заводнички поглед на мускулестиот зет и со нежен глас го прашува:
– А бе, зетко, јас според тебе убава жена ли сум?
– Да, секако „бабо“, прекрасна си!
– А вака како ме гледаш, би водел ли љубов со мене?
– Паа.. Би, ама не е згодно! Сепак си мајка на жена ми!
– Арно де, а ако сега во собата влезат 10 Турци со јатагани и ти речат: „Или ќе водиш љубов со неа или ќе ти ја сечеме главата“, ти што ќе правиш?
– Ееее, тоа е веќе друго!
– Па, треба ли да чекаме да дојдат Турците, бе зетко?!

Сподели на Facebook
пати видено