Мајката на Дилан Дјуран, американски ученик од Њу Мексико мислела дека на нејзиниот син му се зголемил апетитот последните неколку месеци. На крај момчето ѝ призна на својата мајка што се случува…

„Мамо, мене ми падна многу жал за едно помало момче од нашето училиште. Тој секој пат седи гладен затоа што неговите се многу сиромашни и немаат што да му стават за јадење. Цел ден тој го поминува со една чаша вода.“

good_child_01

Откако во училиштето се расчуло за настанот, мајката на сиромашното дете се сретнала со мајката на Дилан, им се заблагодарила и ѝ понудила пари за оброците, затоа што во меѓувреме се вработила. Мајката на Дилан, се разбира, не ги зела парите, затоа што пред некое време и тие биле во тешка финансиска ситуација и знаела како е.

good_child_02

За да му се заблагодарат на Дилан, учениците од целото училиште собрале 400 долари и му ги подариле. Тој повторно направил добро дело и со тие пари платил оброци во училишната менза, за да може децата кои во моментот немаат пари да јадат без да платат.

good_child_03

Сподели на Facebook
пати видено