Студент изјавил дека бега од неговите родители стравувајќи дека ќе го казнат поради тоа што решил 98 отсто од неговиот тест по математика. 19-годишниот студент на Квинслендскиот универзитет објавил фотографија на социјалнит медиуми покажувајќи го резултатот од својот тест и молејќи за покрив над главата. Студентот, кој е родум од Кина, изјавил дека се плаши да се врати дома бидејќи можеби ќе биде тепан и изгладнуван затоа што не успеал да извади совршен резултат.
„Секогаш многу се плашам кога нема да остварам стопроцентен резултат. Кога моето семејство ќе дознае, ќе бидам во голема неволја и нема да добијам вечера“, вели студентот.
Тој вели дека од него се очекуваат највисоки оценки уште од основно училиште и дека претрпувал телесно и емоционално дисциплинирање секогаш кога не успевал во тоа.
„Кога бев мал, мајка ми ми удираше шлаканици кога немаше да добијам петка. Последниот пат кога добив под сто, тие ми кажаа – никаква корист од тебе.“
Студентот наворно преспива во студентската соба на негов пријател, но верува дека родителите го бараат.
„Тие веќе ми се јавија. Ми кажаа дека треба да имам највисока оценка на тестот по математика бидејќи тој предмет е гордоста на Кина.“
Неговите родители му велеле дека тој „не може да биде како белците и да работи во Мекдонладс.“ Неговата објава наишла на најразлични коментари, од коишто повеќето биле во знак на поддршка.