Мајка од Италија која го убила својот осумгодишен син, само затоа што несреќното момче случајно дознал дека е во врска со неговиот дедо, е осудена на 30 години робија. Вероника Панарело го задавила својот син Лорис Стивал со електрични кабли и потоа го оставила неговото тело во канал во местото Санта Кроче на Сицилија. Панарело по убиството се обидела да се преправа дека нејзиниот син е киднапиран, кажувајќи ѝ на полицијата дека последен пат го видела кога го оставила на училиште, и кога дошла попладнето да го земе, него го немало.
Полицијата почнала да се сомнева во нејзината приказна откако ги изгледала снимките од надзорните камери во училиштето, кои не се поклопувале со нејзината верзија. На крајот била прогласена виновна за убиство и криење на телото. Кога го признала убиството, Вероника се обидела да го обвини Андреа Стивал, нејзиниот свекор и љубовник, тврдејќи дека тој ѝ помогнал да најде место каде ќе го фрлат телото на детето, а потоа лично го убил, и сето тоа затоа што несреќното дете ги фатило при секс. Стивал против неа најавил тужба за клевета.
Паварело и нејзиниот сопруг Давид
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!