Педофил фатен од одмаздничката група „Мрачна Правда“ го искривил својот телефон „како банана“ за да ги уништи доказите и се борел „како питбул“ со нив, тврди еден од припадниците на групата. 40-годишниот Ричард Хјуит извозил над 320 километри од Чешир до Њукасл, мислејќи дека ќе се сретне со 13-годишно девојче откако со неа стапил во контакт во чат соба за тинејџери. Од неа побарал голи селфи слики и ѝ праќал Ватсап пораки во кои од неа барал да има сексуален однос со неа, велејќи ѝ „јас ќе ти бидам првиот“.
Хјуит кој бил осомничен педофил уште од 2007 година, не знаел дека профилот е лажен, поставен од групата Мрачна Правда. Групата е активна веќе две години и довела до апсењето на 64 педофили. Кога Хјуит, кој тврдел дека има 22 години, пристигнал во Њукасл, тие му ја блокирале колата за да не мое да избега. Кога го видел тоа, тој „целосно откачил“ и се обидел да го уништи својот телефон за да ги уништи доказите. „Изгледа како чивава, но се бореше како питбул“, вели еден од групата. Хјуит, кој зад себе има 26 прекршоци, признал дека се обидел да се сретне со дете по негово сексуално наведување.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!