Ноел Мартин не можела да си поверува на очите кога видела фотофрафиите кои се појавиле на социјалните мрежи. На младата Австралијанка која само што наполнила 17 години некој ѝ ги украл фотографиите од Фејсбук и ги искористил да ги постави на порнографски страници низ целиот интернет!
Таа не би ни знаела за тоа ако случајно не ја побарала својата фотографија на Гугл, по што видела на какви сѐ сајтови не се појавува таа. Личноста која ги украла фотографиите само го исекла нејзиното лице и го „залепила“ на телата на порно актерки, особено на такви со големи гради. Некои од тие фотографии се појавиле дури и на Фејсбук, па така стигнале до луѓе кои Ноел лично ги познава.
„На овој срамен начин на некого можат да му го уништат животот“, вели Ноел, предупредувајќи ги девојките добро да ја заштитат својата приватност преку опциите кои ги нудат социјалните веб страници и да внимаваат кого примаат за пријател. Порнографските форуми се преполни со фотографии украдени од социјалните мрежи, а загрижувачки е сѐ поголемиот број случаи со фотографии на млади девојки кои дури не се ни полнолетни. Насилниците често ги користат овие фотографии за да ги уценуваат жртвите самите дополнително да им праќаат фотографии.