Тоа било сцена како од акционен филм. Човек се стрчува во запалената куќа на своите соседи, ја разбива вратата и го спасува нивното кутро заробено куќе. И токму тоа го сторил Мајкл Орхард, херојски го спасил кучето на неговите соседи од огнените јазици кои ја обзеле куќата на неговите соседи во Халфмун, Њујорк….или барем тој така си мисли.

ks01

Всушност, немало никаков пожар. 43-годишниот Орхард халуцинирал издрогиран со LSD, тврди полицијата. Властите изјавиле дека Орхард признал дека ја измешал дрогата со средство против кашлање и потоа си замислил дека куќата на неговите соседи гори. Орхард првин трчал наоколу по неговото соседство, тропајќи по вратите и молејќи ги луѓето да помогнат да се изгаси т.н. пожар. Но, бидејќи никој не сакал да помогне, Орхард влегол во својот црн BMW седан и минал право низ оградата на соседот. Потоа ја разбил лизгачката врата од задниот влез и го зел големото бело куче кое си седело внатре.

004

003

ks04

За среќа, никој не бил повреден при „спасувањето“. Сепак, Орхард си заработил пријави за разбивање во туѓ посед и криминално поведение. Ете деца, гледате ли дека средството против кашлица е штетно? 🙂

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено