Има некои мигови кои само фотографија може да ги фати, нешто што не може да се опише со зборови. Необработената фотографија којашто Австралиецот Рајан Осл ја снимил сликајќи ја својата жена Кајли Осл само неколку мига по породувањето го илустрираат ткму тоа. 36-годишната млада мајка ја споделила сликата со фејсбук страницата Мам Сосајети, придружена со коментарот:
„Запомнете го `тој` миг! Ние како жени сме просто неверојатни! Оваа слика ми го одзема здивот морав да ја споделам бидејќи сигурна сум дека и вие се сеќавате на ова!“
Сликата била споделувана и лајкувана илјадници пати, при што десетици мајки ги споделиле своите приказни од пораѓањата.
„Знаев дека има камера бидејќи тој потрча како молња да ја зграпчи кога акушерката му кажа – Ќе го пропуштиш ако не си брз. Но, кога ме сликаше, камерата беше последното нешто што би го забележала“, вели таа. „Но, тоа е редок миг кој заслужува да биде овековечен, бидејќи е просто чудесен.“
Се разбира, таа мисли на првата средба со нејзиното новородено чедо.