Бандата Трајбал Хак која им даде 24 часа на дилерите на дрога да се исчистат од градот тврдат дека нивниот ултиматум е успешен. Бандата тврди дека градот Нгаруавахиа е чист од метамфетамини откако десет „метамфетамински куќи“ биле исчистени. Пет од шестмината дилери во градот се спакувале и самите си заминале, додека на другите „малку им било помогнато“ да си заминат.

bn01 bn02

„Тие што послушаа беа испратени со придружба. На тие кои не слушаа им помогнавме и ги испративме надвор. Повеќе нема дилери на мет во градот.“

bn03 bn04

Минатиот вторник Џејми Пинк, злогласниот лидер на новозеландската банда Трајбал Хак на дилерите во градот им дал ултиматум до 18:30 во петок да си заминат пред да почнат да добиваат посети. Една баба од градот за локалните медиуми изјавила дека видела како бандата натепува еден од дилерите.

„Нема да ви кажам кој кого удри, бидејќи тоа не е ваша работа, но можам да ви кажам дека не би сакала да бидам дилер во Нгаруавахија.“

bn05

Полицијата не го одобрува овој чин и ги повикува граѓаните да не го земаат законот во свои раце.

Сподели на Facebook
пати видено