Се ближат Новогодишните и Божиќните празници и децата се радуваат дека и оваа година Дедо Мраз ќе им донесе разни подароци. Ако биле добри, се разбира. А ако не, ќе им стави јаглен во чорапите. Но, децата во некои европски земји се плашат од нешто многу пострашно од тоа – се плашат од гневот на Крампус, анти-Дедо Мраз.

Крампус е важен дел од Божиќниот фолклор во алпските земји како Германија, Швајцарија, Австрија, Романија и Чешка.

krm01

Според легендата, Крампус е демон кој ги казнува децата кои биле лоши во текот на годината, а Св. Никола (Дедо Мраз) ги наградува добрите деца.

krm02

Во традицијата Крампус вообичаено се опишува како ѓавол со една човечка нога и една нога со копито.

krm03

Во Германија и поголемиот дел од источна Европа, Крампус ги посетува лошите деца на денот на Св. Никола.

krm04

Крампус ги казнува лошите деца со прачки и `рѓосани синџири и потоа ги зема со себе во неговото дувло.

krm05

krm06

Крампус си има и своја ноќ. Ноќта пред Св. Никола се вика Крампусова ноќ.

krm07

За време на Крампусовата ноќ, луѓето се маскираат како Крампус и други ѓаволски суштества и ги плашат луѓето по улиците.krm08

Крампус исто така е застапен и во картичките-честитки. На пример во Германија можат да се видат најразновидни честитки со “Gruss vom Krampus”(Поздрав од Крампус).

krm09 krm10

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено