Сите сакаме да се опуштиме со некој добар филм или омилената ТВ серија. Иако често ги гледаме и по повеќе пати, сепак секогаш испуштаме некои детали. Скриените пораки често се интерни шеги помеѓу луѓето од тимовите кои стојат зад тие проекти, но секогаш е интересно да се откријат, како што е случајот во следните примери.
Видовит
Во секоја епизода на „Видовит“ се појавува ананас.
Симпсонови
Секој лик од „Симпсонови“ има по четири прсти на раката..освен Бог и Исус коишто имаат по пет.
Боречки клуб
Во речиси секоја сцена на филмот има пластична чаша од Старбакс.
Пеколен портокал
Во сцената во продавницата за плочи може да се види саундтракот на еден од поранешните филмови на Стенли Кјубрик, 2001: Вселенска одисеја
Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег
Ако гледате многу внимателно, можете да видите хиероглифи кои отсликуваат R2-D2 и C-3PO, карактери од Војна на ѕвездите на Џорџ Лукас.
Секогаш е сончево во Филаделфија
Ако ја пуштите одјавната шпица на секоја епизода да свири обратно, ќе слушнете некои интересни нешта.
Водител: Легендата за Рон Бургунди
Фановите на „Водителот“ со остро око и познавање на шпанскиот јазик можеби ќе забележат дека името на ресторанот кадешто вечера Вероника Корнингстон преведено од шпански значи „ви плукаме во храната“.
Аладин
Ако се загедате во Раџа, тигарот на Џасмин, кога се ослободува од клетвата на Џафар, ќе видите дека има уши како на Мики Маус.
Трон