Мало момче се расплакало од среќа кога неговите родители го изненадиле со пони. 7-годишниот Себастијан Лукас останал без зборови кога влегол во семејната штала и го видол понито за кое сонувал. Детето од Квинсленд две години работело напорно и совесно правејќи и продавајќи лимонада пред неговиот дом, во обид да заштеди пари за да си купи пони. По цена од 20 центи за шише, Себастијан го штедел секој долар кој ќе го заработел за лимонадата. Заедно со парите кои ги добил за Божиќ и за неговиот роденден, Себастијан успеал да заштеди 3000 долари. Поради неговата непоколеблива мотивираност, напорната работа вродила со плод кога неговите родители го наградиле со Том Бој, велшко планинско пони.

kn01

„Го криев во шталата за да не го расипам изненадувањето“, вели Џулијана, мајката на Себастијан.

Снимајќи го среќниот миг на камера, Џулијана вели дека реакцијата на нејзиниот син била пресилна.

„Мислам дека нема подобро чувство од искрената радост на вашето дете“, вели таа. „Тоа нема цена.“

kn02 kn04

Таа раскажува дека на детето му требале три часа за да се соземе од првичниот шок. „Не беше при себеси, буквално не можеше да поверува, се тресеше. Постојано велеше `личи на еднорог, личи на еднорог`.“

kn07

Иако бил обземен од возбуда, Себастијан разбрал дека понито доаѓа со голема одговорност.

„Ми рече – Јас сега имам толкава одговорност, мамо. Морам да ја чистам шталата и да ги хранам коњите. И следното утро стана во 4:30 да го прави токму тоа.“

kn08

Но, ова трудољубиво дете не престанало да продава лимонада. Сега продолжува со полна пареа за да заработи за потребната опрема за неговото коњче.

Сподели на Facebook
пати видено