Да се биде популарен на социјалните медиуми подразбира часови напорна работа, но никогаш не би очекувале таа да ви се исплати на ваков начин: Луксузен хотел во Шведска ве кани на бесплатен престој ако имате голем број следбеници на Фејсбук и Инстаграм.

Стокхолмскиот Нордик Лајт Хотел неодамна објави дека ќе почне да прифаќа и „социјална валута“ како платежно средство. Финтата е во тоа што треба да имате сериозно голема бројка на следбеници.

ht01

Мора да имате најмалку 2000 лични пријатели на Фејсбук 100.000 фанови или следбеници на Фејсбук и Инстаграм за да си обезбедите седумдневен престој во овој луксузен хотел кадешто цена за едно ноќевање изнесува 360 долари.

Зошто би биле толку великодушни? Бидејќи ќе им направите реклама, се разбира.

ht02

Во замена за услугата, гостите се согласуваат да го промовираат хотелот на социјалните мрежи пред, за време и после престојот.

Ако сте популарни на Фејсбук, мора да споделите пост кога ја правите резервацијата, потоа еден при пријавувањето и еден при одјавувањето, да го спомнете вебсајтот и Фејсбук страницата на хотелот. Се разбира, тука е вклучено и лајкувањето.

Ако сте популарни на Инстаграм, важи истото како и за Фејсбук, со тоа што во постовите треба да употребите #nordiclighthotel.

Ако случајно пропуштите нешто од погоре спомнатото? Договорот веќе не важи и ќе си платите сѐ во полн износ.

А сепак, што се неколку постови во замена за седум неверојатни ноќи во еден од најлуксузните хотели во Стокхолм?

ht03

Маркус Мајевски, извршниот директор на хотелот вели:

„Горд сум што ние сме првиот хотел во Нордискиот регион кој ја нуди оваа можност.“

Навистина е креативен начин да се добие бесплатен публицитет.

ht05

Дури и ако не сте меѓу најславните на социјалните мрежи, можете да добиете извесен попуст.

ht06

500-1500 пријатели на Фејсбук ви носат 5-15%, а за Инстаграм за истиот попуст ќе ви бидат потребни 5.000-15.000 следбеници.

Сподели на Facebook
пати видено