Маж си купил шише шампањ, решил да го испие сам, па го скрил во казанчето на тоалетот. Си легнале вечерта со жената, почекал тој 20-тина минути и полека се обидел да ја прескокне, за да отиде во тоалетот. Таа – разбирајќи го погрешно:
– Немој, драги. Детето уште не е заспано…
Почекал тој уште половина час и се обидел повторно да ја премине.
– Немој, детето уште е будно!
По еден час жената конечно заспала. Тој тивко отишол во тоалетот, го извадил шишето, го отворил и се слуша „Бууум!!!“
Од детската соба излегува детето и трча во спалната со солзи во очи:
– „Немој, немој!“ Сега задоволна ли си?! Tато се самоуби во тоалетот!