И покрај сите солзи кои ги лееме кога го лупиме, за исцелителните моќи на кромидот не мора ни да се спомне, а пак да не зборуваме за вкусот кој овој зеленчук го дава на секое јадење. Кромидот со илјадници години бил употребуван за храна. Иако не е точно познато кога и каде за првпат почнало да се одгледува, траги од остатоци од кромид биле најдени во многу населби од Бронзеното доба, датирајќи до 5000 г. пр. н.е.

kr01

Првите археолошки докази за одгледувањето кромид можат да се следат 3000 г. пр. н.е. во древен Египет. Кромидот играл важна улога во исхраната на Египет, но исто така бил предмет на обожување. Древните Египќани ја обожувале главицата кромид, верувајќи дека нејзините концентрични кругови и кружната форма се симбол на вечниот живот. Кромидот дури бил употребуван и како дел од египетските погребни обреди; во очните дупки на телото на Рамзес IV биле најдени траги од кромид.

kr03

За разлика од Египќаните, старите Грци кромидот повеќе го употребувале поради здравствените придобивки кои тој ги носи. Се верувало дека овој зеленчук е добар за освежување на крвта, па така старогрчките атлети го јаделе често и во големи количества. Од друга страна, за да ги зацврснат своите мускули, римскит гладијатори ги триеле со кромид.

kr04

Во средниот век кромидот се сметал за супер храна. Тој бил толку ценет што луѓето често киријата ја плаќале со главици кромид, а исто така бил даруван и како дар. Во 16. век лекарите препишувале кромид како лек за неплодност, како кај луѓето, така и кај животните.

kr05

Американските Индијанци го употребувале дивиот кромид на најразлични начини, првиот одгледуван кромид во Новиот Свет бил донесен од страна на европските доселеници. Индијанците со него приготвувале сирупи, топли облоги и бои. Главиците кромид биле и првите растенија засадени од доселениците, ако се суди според дневниците на колонистите.

kr06

Сподели на Facebook
пати видено