Уште откога минатата година се прошета по пистата разголен до половина, овој 80-годишен човек е наречен „најзгодниот дедо во Кина. Актерот Ванг Дешун се појавил во филмови како „Забранетото кралство“ и „Воини на Небото и Земјата“, а на модната писта дебитираше за време на Кинеската модна недела, каде што го украде сето внимание појавувајќи се гол до половина, со сериозна дефиниција на телото и долга бела коса. Олицетворение на добро здравје, г-н Ванг пркоси на загриженоста на Кина за нејзиното општесво кое брзо старее, истакнувајќи го својот став дека стареењето не треба да се искористи како изговор за да се откажете.

st01

Тоа е тема на која тој зборува со страст, велејќи во едно попурално видео: „Многу луѓе започнаа да ме забележуваат по модното шоу… Но, знаете што? За да бидам подготвен за овој ден, јас се подготвував шеесет години.“

Роден во Шенјанг во североисточна Кина, тој станал театарски актер на 24 години, започнувајќи да учи англиски на 44, а својата трупа на пантомимичари ја основал кога имал 49 години. Откако се преселил во Пекинг, Ванг за прпват влегол во теретана кога имал педесет години и оттогаш не погледнал наназад.

Тој јасно става до знаење дека дури и во нашите златни години, мораме да продолжиме да се предизвикуваме себеси и да се воздржиме од размислувањето дека е предоцна да ги достигнеме нашите сништа.

„Верувајте ми, може да се истражи целиот потенцијал. Кога ќе си помислите дека е предоцна, внимавајте тоа да не ви стане изговор за откажување. Никој не може да ви попречи да успеете, освен вие самите.“

Затоа, следниот пат кога ќе се почувстувате престари, или кога ќе застенкате при наведнување, помислете на неговите зборови: „Кога ќе дојде време да засјаете, блеснете најмногу.“

Сподели на Facebook
пати видено