„Одмазникот од Алјаска“, човек кој како дете бил жртва на сексуално злоставување, во одмаздничка акција напаѓа педофили со чекан, а за да ги најде се служи со јавниот интернет регистар на сексуални прекршители. Џејсон Вукович, служејќи се со Јавниот онлајн регистар на сексуални прекршители на Енкориџ, Алјаска, лоцирал најмалку тројца прекршители, и во јуни разбил во нивните домови, по што ги нападнал удирајќи ги по главата со чекан. На жртвите им велел:
„Јас сум ангел на одмаздата. Ќе ви поделам правда за луѓео што сте ги повредиле“.
Полицијата вели дека Вукович бил уапсен истата ноќ кога го нападнал Весли Демарест, една од жртвите на неговата одмаздничка акција. Кај него нашле бележник со имиња и адреси кои ги нашол во регистарот. 41-годишниот Вукович покрај нападот е обвинет и дека ги обрабил трите жртви на неговите одмазднички тепања.
На онлајн регистарот корисниците можат да ги најдат сексуалните прекршители и киднапери на деца преку база на податоци кои содржат име и презиме, поштенски број и град, или преку мапа со детали за адресата на прекршителите, како и нивните фотографии и датумите кога биле осудени.
Вукович како дете бил злоставуван од страна на својот очув. „Тоа што можам да го кажам сега е дека откако бев телесно и умствено злоставуван од еден предатор, мојот живот засекогаш се промени“, пишува Вукович. Тој с изјаснил дека не е виновен во поглед на обвиненијата за грабеж и напад. Пред судот ќе се исправи на 17 октомври. Доколку биде осуден, се соочува со казна од 35 години затвор.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!