Обвинет за силување во Канада не можел да го изврши злосторството бидејќи е премногу дебел и со премал пенис за да може такво нешто, тврди неговата адвокатка. И да го поткрепи своето тврдење, таа на поротата ѝ покажала голи слики од нејзиниот клиент. Жак Рушоп е обвинет дека во 2013 година силувал и давел две проститутки во Вание, Канада.
Неговата адвокатка минатата недела тврдела дека Рушоп не можел да ги силува жените ниту ако се обидел – прво, затоа што има кила, а второ, затоа што неговиот размери и не му оди во прилог.
„Некогавата кила му создава премногу болки за да има секс, неговиот стомак е премногу голем, а пенисот му е навистина, навистина премал“, изјавила адвокатката Наташа Калвињо во судот. Како доказ за тоа на шесте мажи и шесте жени членови на поротата им дала да разгледаат фотографии со нејзиниот гол клиент. Според медицинско лице кое сведочело на судењето, Рушоп е висок 167 сантиметри, а неговата тежина ја надминува дозволената граница за одење в затвор, а таа изнесува 145 килограми. Должината на неговиот пенис изнесува само 2,5cm и 5cm во состојба на ерекција, изјавила медицинската сестра пред судот.
Адвокатката на Рушоп тврди дека обвинетиот се обратил до секс работнички за услуга, но дека не ги злоставувал.
„Поради неговата тежина и изглед, тој самиот ќе ви каже дека имал многу проблеми да привлече припаднички на спротивниот пол. и дека да го привлече вниманието на некоја жена, а не пак да има секс со неа, не било нешто што често му се случувало“, вели Калвињо.
Една од проститутките посведочила дека Рушоп грубо ја превртел и почнал да ја дави, викајќи ѝ: „Кој е главен?“ откако ѝ платил за орален секс во неговата кола. Таа се сеќава како се почувствувала смачкана под неговата тежина и дека не можела да дише – но дека не може да се сети на големината на неговиот пенис!
44-годишниот Рушоп се изјаснил дека не е виновен. Неговото обемно криминално досие се протега најмалку две децении, и веќе бил обвинет за сексуално злоставување. Рушоп паднал во очи на силите на законот откако полицијата го осомничила за нерешеното убиство на проститутката Ејми Пол од 2013 година. Убиството до ден денес не е решено.