По објавувањето на веста дека во фабриката Јура во Ниш, Р. Србија, работодавачите ги тераат работниците да носат пелени за да не одат во тоалет во текот на работното време, на интернет се појави нова видео снимка на која се гледа како работниците коленичат пред раководството на компанијата. Иако ова на прв поглед се чини како шега, бидејќи работниците се смејат, снимката ги разгневи граѓаните на Србија.
Да потсетиме дека пред половина година Жељко Веселиновиќ, претседател на Здружените синдикати на Србија, изјави дека работниците во оваа фабрика ги тепале со метални палки, им било забранувано да одат во тоалет и ги советувале да носат пелени. Покрај тоа, наводно жените биле и сексуално злоставувани, иако според истрагата не дошло до силување.