На мајка на шест деца ѝ го затвориле Фејсбук профилот откако објавила слики како дои две деца наеднаш, нејзиното и туѓо дете. Ребека Ваносик од Мисури, САД, неодамна привлекла непосакувано внимание кога споделила статус на Фејсбук за тоа како помага на пријател. Таму таа објаснува дека добила порака во која ја замолиле да надои бебе чијашто мајка е во болница.

bb01

„Зар требаше да се размислува? Мајката на бебето беше на операција а бебето се хранеше само преку доење и одбиваше шише“, вели Ребека. Кога таа подоцна го видела малото девојче, забележала дека изгледало „изгледнето и истоштено“.

„Го сторив тоа што се надевам дека секој би го сторил за моето дете во безизлезна ситуација“, вели таа. „Нахранив туѓо дете.“

bb02

Во објавата, Ребека споделила и неколку слики на кои се гледа како детето го дои заедно со нејзиното дете, при што двете деца се држат за раце. Но, реакците не биле баш пријатни.

„Покриј се!!! Никој не сака да ти ги види градите. Ова е Фејсбук а не Сексбук“, стои во еден коментар.

Друг пишува дека двете жени постапиле несовесно. „Тоа, може да биде многу опасно. Од каде да знае дека другата нема хепатит Б или ХИВ?“

На крајот Ребека одговорила на критичарите, велејќи дека била „изненадена од тоа колку луѓе сметаат дека тоа е чудно и неприродно, бидејќи тоа се цицки, тие се создадни за бебињата да цицаат од нив.“

bb03

Но, критичарите надвладеале, и според објава на Фејсбук страната на нејзиниот сопруг, нејзиниот Фејсбук профил бил затворен по поплаките на други корисници.

„Мојата жена направи нешто многу добро, а Фејсбук и ја затвори сметката“, пишува тој, вклучувајќи снимка од нејзината оригинална објава. „Ве молам споделете го ова за да разгласиме и покажеме колку тоа на Фејсбук не му е грижа за тоа што добрите луѓе се обидуваат да прават. Наместо тоа, другите распространуваат зло и омраза низ светот. Јас сум многу горд на оваа жена и сѐ што таа претставува. Горд сум што можам да ја наречам моја жена!“

Но, од друга страна, ова не е првпат ова семејство да се најде во вестите. Минатата година тие изгубиле старателство над своите пет деца откако докторите откриле дека нивната ќерка Зејдн претрпела скршеница на раката и три скршени ребра. Но, подоцна се испоставило дека тоа било грешка, и дека детето имало сложено медицинско нарушување.

Сподели на Facebook
пати видено