Дали понекогаш ви се чини дека со некого сте во безизлезна ситуација, и колку и да се трудите, никако да дојдете до некакво логично и разумно решение, туку секогаш запаѓате во некакви спирали на сплеткарења? Можеби најмудриот чекор ќе ви биде да излезете надвор од таа спирала и да се држите понастрана од тие луѓе. Еве и зошто.
Привилегирани се, а изигруваат жртви
Сигурно познавате некоја ваква личност и воопшто не е пријатно да се расправате со такви. Како кога момче кое пораснало во богато семејство на девојка од многу сиромашно семејство ѝ кажува дека ја разбира и дека тој морал напорно да работи за тоа што го има.
Но, реалноста е различна и иако тој е во привилегирана положба, го поткопува искуството и заслугите на другата личност, припишувајќи си ги на себе.
Често го менуваат расположението
За време на расправијата тие од објективни и сочувствителни можат многу брзо да станат злобни и сурови и да напаѓаат лично. Можат да ви се извинуваат и ласкаат, а веќе следната минута жестоко да ве нападнат. Тоа е дел од нивната борба да воспостават контрола врз вас и ситуацијата.
Постојано се вообразени
Психопатите имаат обичај да мислат дека нивниот измет не смрди, да се изразиме фигуративно. Вообичаено се трудат да изгледаат смирено, што им помага да изгледаат како да држат сѐ под контрола. Потоа ова го искористуваат да го понижат соговорникот.
Никогаш не признаваат грешка
Со психопатите, нивните дела речиси никогаш не се совпаѓаат со нивните зборови и постојано играат на картата на изигрување жртва. Ако нешто оплескале, вината ја префрлуваат врз друг. И згора на сѐ, од вас бараат да сте благодарни што ги имате во вашиот живот, без разлика на тоа колку можат да бидат за никаде.
Се проектираат себеси врз вас
Ова е еден од најсигурните знаци дека пред вас имате личност со сериозни нарцисоидни тенденции. Кога ќе се вжешти расправијата, ваквата личност се обидува своите најлоши особини да ви ги припише вам. Сакаат да го обезличат вашиот карактер со нивните недостатоци за така да го оттргнат вниманието од себеси. Сакаат да направат вие да сте лудиот во собата.