Ви претставуваме серија интересни научни факти и совети кои можат да ви се најдат во секојдневниот живот.

celi

1. Вашата омилена песна веројатно е поврзана со некој емоционален настан.

2. Музиката влијае на тоа како гледате на нештата.

3. Колку повеќе дарувате на другите, толку сте посреќни.

4. Ако трошите пари повеќе на искуство отколку на предмети, ќе бидете посреќни.

5. Децата денес се понапнати од просечен пациент на психијатриска клиника во 1950. Околу половина од светското население страда од анксиозност, депресија или некаков вид на злоупотреба на супстанци.

6. Одредени религиски обреди го намалуваат стресот. Според истражувања на Американското здружение на психијатри, луѓето кои практикуваат религиозни молитви или некаков вид медитација се под помал стрес.

7. Парите можат да купат среќа, но само до извесна сума (75 000 долари, според истражувања во САД). Над тоа веќе немаат никакво влијание врз чувството за среќа.

8. Дружењето со среќни луѓе ве прави посреќни

9. Под најголем стрес се младите од 18 до 33 години.

10. Ако се убедите себеси дека сте наспани, ќе го прелажете вашиот мозок да мисли дека нависина е така. Ова се нарекува „плацебо сон“.

11. Умните луѓе се потценуваат себеси, додека простите за себе мислат дека се брилијантни. Ова се нарекува Данинг Кругеров ефект.

12. Кога запомнувате настан од минатото, всушност се присетувате на последниот пат кога сте се потсетиле на него. И токму затоа нашите спомени се искривуваат со текот на времето.

13. Донесувате одлуки порационално ако ги мислите на друг јазик.

14. Ако зборувате за вашите цели и за тоа што сте намислиле, ги намалувате вашите изгледи за успех. Сигурно сте го забележале ова, но исто така е и научно докажано.

Сподели на Facebook
пати видено