Човек кој се воздржал од самозадоволување во текот на 700 дена вели дека неговата апстиненција му дала „супермоќи“. Тој е еден од 200-те илјади мажи кои се придружиле на онлајн заедницата „NoFap“ (Без Мавање) чиишто членови се заколнуваат на воздржување од мастурбација и гледање порнографија во текот на подолго време, некои како тест за нивната само контрола, додека други како начин да се излечат од нивната зависност од порнографски содржини бидејќи истата предизвикала тие да не можат да се возбудат при вистински секс.

dr01

Во објава напишана длабоко од душата, корисникот Брохит на Редит пишува дека се откажал од мастурбирањето пред две и пол годин, и почувствувал дека неговиот ум се избистрил и дека почесто е во мир со себе. Тој вели дека почувствувал „супер-моќи“, вклучувајќи и зголемена самодоверба и зголемена концентрација и енергија. Но, тој додава:„Од каде знаеме дека овие супермоќи не се само обични човечки особини“, а потоа продолжува да објаснува дека „постојаната глорификација на сексот ја замаглува нашата општа перспектива. Сега можеме да мислиме само на секс и на тоа како би изгледало да се спие со жени кои имаат `совршени` тела.“

Тој додава дека неговата заложба исто така му помогнала да сфати дека има и други зависности и опсесии кои не биле толку тешки и сериозни, но кои предизвикувале да му се разниша самодовербата. Тука спаѓале постојаните онлајн разговории со жени и употребата на сајтови за запознанства во потрага по „секс без обврски“.

„Во што тоа се разликува од мастурбирањето?“ прашува тој. Возвраќајќи им на тие кои не веруваат дека постои нешто такво како зависност од порно, тој додава: „Сега барем можам да најдам утеха во фактот дека ако успеам да ја контролирам мојата потреба да дрнкам, сум развил доволно силна волја да ја победам зависноста која некои заслепени луѓе не ја ни сметаат за зависност. Сѐ уште се соочувам со истите нагони како и пред 700 години, но мислам дека сега сум многу посилен.

Среќата и задоволството доаѓа одвнатре. Само оставете ја таа празнина на мир. Не обидувајте се да ја исполните со нешто. Таа празнина во нас е тоа што не прави луѓе. Имајте верба, момци. Верба во себеси. Бидете силни!“

Неговата објава привлекла речиси сто коментатори, при што корисниците ја фалеле неговата точка на гледање.

Зависноста од порнографија е предмет на голема дебата меѓу експертите. Роберт Вајс, потпретседател на Елементс Бихејвиорал Хелт, американски ланец на клиники кои лекуваат зависности во однесувањето, изјавил дека ерективната дисфункција предизвикана од порнографска зависност е навистина нешто што постои.

„Ако ја користите хипер-стимулацијата на интернет порното како единствен начин да се возбудите, го удирате вашиот мозок со толку високо ниво на допамин, и толку високи очекувања за тоа што би требало да биде сексот, што кога ќе дојде до вистинската работа, што може малку и да мириса, и да биде малку лигава и малку неудобна, што мозокот ќе си помисли – подобро да си гледам порно.“

Сподели на Facebook
пати видено