85-годишен поранешен боксер совладал 21-годишен маскиран крадец кој се обидел да му украде 20-тина евра. Старецот кажал: „Нема шанси овој мрсулко да избега со моите пари.“ Ерни Ханрети, кој всушност е прадедо, бил запрен од Даниел Роуз додека се враќал од утринското купување во Стенли, областа Дарам, Велика Британија. Роуз на пензионерот му ги побарал парите, очигледно мислејќи дека е лесна цел. Но, г-н Ханрети го зграпчил за зглобот и крадецот успеал да избега само со два весника и пластична кеса во рацете.

st01

„Беше бледникаво момче. Немаше шанси тој мрсулко да избега со било какви пари, но ме чинеше два весника.“

Ханрети во младоста бил активен спортист-аматер, и се занимавал со фудбал и бокс. Тој вели:

„Јас израснав знаејќи како да се грижам за себеси и никој не можеше да ме задева. Боксував и не бев лош боксер, но фудбалот беше мојот спорт, па така имав само три боксерски меча.“

st02 st03

Роуз наводно цела ноќ пиел и користел дрога, поради што не се сеќава на нападот.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено