Слугинка била натерана да седи сама на маса во ресторан без храна пред неа и да го чека семејството каде што работи додека тие да се најадат. Мајкл Фени, локален жител, бил шокриан од глетката и ја објавил фотографијата на Фејсбук. Тажната фотографија набргу била распространета низ интернет и предизвикала силно сочувство и чувство на гнев. Неговата фотографија, заедно со неговиот коментар напишан на индонезиски, била проследена од речиси 60 000 луѓе.
„Вашата пембанту (слугинка) е дел од вашиот шивот. Одраз на вашата чивечност. Замислете се вие да сте во нејзина положба, без телефон кој би го држеле во рака, непоканети да јадете, и не знаете каде да погледнете“, пишува Фани на Фејсбук. „Мора да ги сакаме и да ги почитуваме нашите слугинки, нашите возачи, нашите градинари….Во животот не е сѐ во добивката и загубата, не се работи само за нас самите. Со споделување на малку тоа што го имаме ја споделуваме Божјата љубов.$
Куќните помшнички чинат огромен процент од работната сила во Индонезија. Многу од нив се млади жени од руралните области кои се преселуваат во градовите за да можат да ги издржуваат нивните семејства.