Поранешен маринец кој ги загубил сите свои екстремитети кога стапнал на рачно изработена бомба во Авганистан добил трансплантација на двете раце, по шест години живот како целосен инвалид. Неговите раце се целите со лузни и се движат чудно, но докторите велат дека тој прави напредок и очекуваат девет до дванаесет месеци рехабилитација. Првпат зборувајќи јавно по неговата операција, наредникот Пек изјавил дека најдобро од сѐ е тоа што пак ќе може да ја држи за рака својата свршеница.

„Сакам да продолжам со мојот живот“, вели тој. „Сега е вистинскиот момент.“

Тоа било долго патешествие за маринецот од Илиноис, кој сега држи мотивирачки говори и се надева дека со новите раце ќе го оствари својот сон да стане готвач. За време на неговата служба тој претрпел травматична повреда на мозокот кога неговото возило налетало на рачно изработена мина. Но, тоа не го поколебало и тој заминал на служба во Авганистан. Во 2010 година стапнал на друга таква мина, при чијашто експлозија му биле разнесени и рацете и нозете. Но, откако му била извршена трансплантација, тој ја запросил неговата девојка Сара Паркер и се надева на нов почеток во животот.

mr01 mr02 mr03 mr04 mr05 mr06 mr07 mr08 mr09 mr10 mr11 mr12 mr13 mr14 mr15

Сподели на Facebook
пати видено