И, западњаците не престануваат да изненадуваат. „Убави луѓе“, онлајн сајт за запознанства кој пред сѐ ја цени естетиката, ќе отвори бар кој ќе служи како „ВИП просторија“ за луѓето со задоволителен телесен изглед. Ова се случува во Лос Анџелес. И секако, со оглед на тоа дека убавината е субјективен поим, кој би можел да биде тој кој одлучува кој е, а кој не е убав? Па, запознајте се со Грег, основачот на сајтот.
„Идејата за барот доаѓа од веб страницата“, вели тој и додава дека во идеален свет ние би погледнале кон другата страна на барот и веднаш би ја виделе душата на некоја личност, но тоа едноставно не е така.
„Основен принцип на човечката природа е тоа што првично сите ние сакаме да бидеме со некој кон кој чувствуваме привлечност“, продолжува тој. „Јас со сето срце верувам дека убавината е во окото на набљудувачот, но најголемиот проблем на онлајн пазарот е тоа што луѓето не се искрени на нивните профили. Ние даваме точна презентација на тоа што имаме.“
Како би изгледал тој бар? Па, замислете си некое планинско дувло на злосторник од филм со Џемс Бонд чиј начин на оперирање е да намамува луѓе за божемна пластична операција, а потоа под анестезија ги убива со цел да ја апсорбира нивната аура. Грег вели дека барот ќе биде „полн со бистри и интелигентни луѓе, артикулирани луѓе, луѓе од сите провиниенции, од забарки до манекенки.
„Знам дека не обвинуваат за дискриминација, но едноставно ние сме сопствениците.“
За да можете да влезете во овој клуб, првин мора да сте член на нивниот онлајн клуб, а ќе станете така што ќе поднесете слики од вашето лице и тело. Еве двајца членови на сајтот, за да имате каква-таква претстава за тоа каков профил на луѓе бараат.