Принцот од Велс го посетил последното почивалиште на неговата баба за првпат – носејќи цвеќиња од својата градина во Биркхол за да ги положи на нејзиниот гроб. 67-годишниот наследник на британскиот престол оддал почит на гробот на принцезата Алиса од Грција, мајката на Војводата од Единбург. Посетата се случила по погребот на поранешниот израелски претседател Шимон Перез.

Останките на принцезата Алиса се погребани во сликовитата Црква на Св. Марија Магдалена, над Гетсиманската Градина, на Маслиновата Гора. Таа е положена таму по нејзина желба, бидејќи сакала да почива во близина на својата тетка Елизабета, Големата војвотка на Русија, која била убиена од страна на болшевиците, про што била прогласена за руска православна светица.

pc01 pc02 pc03 pc04 pc05 pc06 pc07 pc08 pc09 pc10

Сподели на Facebook
пати видено