Колку далеку би отишле да ја пронајдете својата вистинска љубов? Од сајтови за запознанства, апликации како Тиндер, забавување со многу луѓе – луѓето пробуваат најразлични нешта за да ја најдат онаа вистинска личност за себе. Некои дури и се свртуваат кон науката во обид да ја решат мистеријата во поглед на тоа што е љубовта и резултатите ги употребуваат за да најдат подобра прилика за себеси.

sk01

Антропологот д-р Хелен Фишер и неврологот д-р Луси Браун ги минале своите животи истражувајќи како мозокот ја толкува љубовта. Тие ги мапирале мозоците на вљубени луѓе употребувајќи скенер на магнетна резонанца и потоа им ја покажале сликата на нивниот партнер за да видат кој дел од мозокот ќе се активира. Тие откриле дека љубовта не е само чувство кое го чувствуваем – тоа е инстинктивен нагон кој се одвива во истиот дел на мозокот кадешто се наоѓаат и нашите инстинкти за преживување.

sk03

„Тоа е несвесен нагон, не само емоција“, објаснува д-р Фишер. „Романтичната љубов е природна зависност.“

Тој дел од мозокот може да се активира за секунда, но причините зошто се вљубуваме со дадена личност се многу посложени.

„Може да се пробуди во мигот кога ќе видите некого, ако сте подготвени да се вљубите, а личноста го каже вистинското нешто во вистинскиот момент и бум!“

sk02

Д-р Фишер и д-р Браун велат дека хемијата во вашето тело е таа која одлучува кон кого ќе чувствувате привлечност, а познавањето на вашиот хемиски состав може да ви помогне да ја најдете вистинската љубов. Според нив, има четири нешта кои одлучуваат за ова: допаминот, серотонинот, тестостеронот и естрогенот. Нивото на секоја од овие хемиски супстанци ја определува вашата личност, поради што експертите веруваат дека можат да помогнат во определувањето на компатибилноста. Така, во иднина скеновите со магнетна резонанца и ДНК тестовите можат да бидат решавачки во пронаоѓањето на совршениот партнер.

Сподели на Facebook
пати видено