Дали ние на Земјата сме присутни веќе милиони години? Дали нашата историја е лажна? Бројни истражувачи цврсто веруваат дека напредни човечки цивилизации можеби со милиони години постоеле на Земјата. Тие посочуваат на неколку артефакти насекаде околу светот кои не се совпаѓаат со историјата која се учи во училиштата и која наводно многу се разликува од тоа што навистина се случило во далечното минато. Еве такви некои артефакти…

Чекан стар 400 милиони години

Уште од неговото наоѓање постојат многу теории за неговото потекло, а најважна е неговата неверојатна старост. Дали е возможно овој чекан навистина да е стар 400 милиони години? Скептиците велат не, и веруваат дека тоа е исфабрикувана измама. За чеканот да заврши во карпата во која бил најден, првин и самата карпа требало да се формира, а тоа би било пред неколку милиони години. По сите покренати прашања за овој чекан, истражувачите решиле да го напуштат истражувањето и го оставиле чеканот во музејот Сомервел во Тексас, САД.

ms01

Според истражувањата на Металуршкиот институт на Колумбија, рачката на чеканот била подложена на карбонизација, а главата на чеканот била изработена со чистота на железо достапна единствено со современ вид на технологија. Според анализите, главта на чеканот се состои од 97 проценти чисто железо, два проценти хлор и еден процент сулфур. Уште поголемо изненадување е тоа што железото исто така било подложено на процес на прочистување и стврднување, типично за металургијата на дваесеттиот век. Според анализата, карпата во која бил најден чеканот датира од пред 400 милиони години.

Дорчестерското грне: најдено во 593 милиони години стариот Роксбери Конгломерат

Уште еден предмет кој предизвикува збунето чешање на главата кај научниците. Како е можно ваков предмет воопшто да постои? Староста на грнето е број еден предмет на дискусија меѓу експертите, бидејќи се чини дека не може да се постигне согласност во поглед на неговата точна старост. Според геолозите, карпестата формација Роксбери, каде што било најдено мистериозното грне, се формирала некаде пред 570-593 милиони години.

Не е јасно ни дали грнето било „вградено“ во карпата, бидејќи било пронајдено при експлозија. Садот е висок 11,5cm, со пречник во основата од 6,4cm и пречник кај врвот во износ од 6,4cm. Изработен е целосно од цинк и бил украсен со сребрена интарзија. Украсувањето и совршеното производство означува дека производителот бил мајстор во својот занает.

Железна чаша најдена во парче јаглен стар 300 милиони години

Тоа е совршено парче метал, откриено во 1912 година во рудник во Вилбуртон, САД. Пронаоѓачот бил Френк Џ. Кенард и според него предметот бил најден во блок јаглен. Вообичаениот проблем во врска со датирањето на овој предмет е – како воопшто се нашол во јаглен кој е стар околу 300 милиони години? Оние кои веруваат во теоријата дека вонземјани ја посетиле Земјата во древното минато велат дека ваквите предмети одат во прилог на нивната теорија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено