Ким Кардашијан избегала од Франција со приватен авион откако маскирани мажи ѝ впериле пиштол и ја врзале во бањата во нејзиното луксузно живеалиште во Париз, по што ѝ украле накит вреден милиони евра. 35-годишната риалити ѕвезда била ограбена од петмина мажи кои носеле маски за скијање и облека со полициски ознаки. Околу 3 часот наутро, разбојниците влегле во зградата откако ги пуштил портирот. Му ставиле лисици и откако му се заканиле со пиштол, тој ги одвел до станот на Кардашијан. Ким наводно молела за живот и на разбојниците им кажала дека има деца дома, кога двајца од разбојниците влегле во станот.

Тие украле кутија со накит во вредност од 6 милиони евра и прстен вреден 4 милиони евра. Покрај тоа, ѝ зеле и два скапи телефони, при што тие содржеле доста лични информации.

kk01 kk02 kk03 kk04 kk05 kk06 kk07 kk08

Сподели на Facebook
пати видено