Бугарскиот парламент одобри примена на закон со кој се забранува покривање на лицето поради зголемениот страв од исламски тероризам во земјата. Законот беше предложен од страна на коалицијата Патриотски фронт предводена од Красимир Каракачанов, кој вели дека тоа е од безбедносни причини и дека бурката е повеќе униформа отколку религиозен симбол. Законот ќе важи за бугарските граѓани, но и за странците кои привремено влегуваат во земјата.

br01

Новиот закон гласи дека облека која го покрива лицето не смее да се носи во бугарските централни и локални администрации, училишта, културни установи, како и места за јавна рекреација, спорт и комуникации. Покривањето на главата, очите, ушите или устата ќе биде дозволено единствено од здравствени причини, или за спортски и културни настани. Можно е контроверзната забрана да важи и за религиозните храмови, што би можело да предизвика немири предизвикани од страна на муслиманското малцинство во Бугарија кое брои околу 580 000 муслимани и според пописот од 2011 година изнесува осум отсто од бугарското население.

br2

Красимир Велчев, законодавец во владејачката партија ГЕРБ вели: „Законот не е насочен против верските заедници и не е репресивен. Создадовме закон кој е многу добар за безбедноста на нашите деца.“

На законот се спротивставува партијата Движење за права и слободи, која е трета по големина партија во парламентот и која има значителен број гласачи од исламска вероисповест. Во знак на протест, нивната пратеничка група го напушти парламентот.

Според законот, жените кои ќе ја прекршат забраната ќе се соочат со парична казна до 770 евра, како и укинување на социјалната помош.

Сподели на Facebook
пати видено