Држејќи ја отсечената глава на непријателскиот војник в раце, оваа жена водач на народна милиција е една од личностите од кои ИСИС најмногу се плаши. Вахида Мухамед Ал-Џумали е 39-годишна баба која ги изгубила саканите во текот на нејзината војна со терористичката група – нејзиниот втор сопруг бил убиен на почетокот на оваа година, а џихадистите исто така го убиле и нејзиниот татко и тројцата браќа.
Оваа жена, која себеси љуби да се опишува како „домаќинка“ вели дека ги обезглавува непријателите, им ги вари главите и им ги пече телата. На нејзината Фејсбук страна се гледаат слики со нешто што изгледа како две глави кои се варат во тенџере, како и слики на обезглавени изгорени тела. На друга слика се гледа стуткана околу мртов човек, кој наводно е нејзиниот втор сопруг кој бил убиен на почетокот на оваа година. Таа изјавила дека самата убила осумнаесет терористи.
Ал-Џумаили, подобро позната како Ум Ханади, предводи народна милиција од седумдесет члена на педесеттина километри од Мосул. Таа им помогнала на владините сили да ги изгонат ИД од областа, и вели дека сега се наоѓа на врвот на листата за отстрел на терористичката група.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!