Долгоочекуваниот Ајфон 7 само што беше промовиран, а љубителите на Ејпл веќе почнаа да ја очекуваат следната верзија на мобилниот телефон на оваа компанија – Ајфон 8. Иако деталите за новата верзија се малку, според кажувањата тој ќе биде со сосема поинаков изглед во споредба со претходните и ќе биде опремен со подобра камера. Анонимен вработен во Ејпл во Херзлија, Израеел, каде што се развива хардверот за Ајфон 8, разоткри некои детали за новиот мобилен телефон.

tf01

Со оглед на тоа што во 2017 година ќе биде 10-годишнината на iPhone, сосема е логично Ејпл да планира нешто големо за одбележување на истата. Според протечените информации, новиот телефон ќе има закривен екран. Ако тоа е вистина, iPhone 8 ќе му конкурира на Samsung Galaxy S7 Edge кој се појави во февруари оваа година. Во јануари Ејпл се наврати на патент поднесен во 2013 година во кој се предлага закривено „стаклено“ куќиште направено од интригантна фузија на метали. Наводно овој дизајн, изработен од аморфна легура на титаниум, никел, бакар и циркониум, има мазна текстура како стакло, а издржливост на гума.

tf02

И покрај големата возбуда по новиот и уникатен дизајн, тој сѐ уште не стасал до пошироката јавност.

Сподели на Facebook
пати видено