Моето име е Карас Јонут. Јас сум семеен човек од Романија – имам 36 години, оженет сум и имам еден мал ангел кој се вика Јоана и има скоро 3.5 години. Го сакам својот живот, моето семејство, но исто така сакам и да патувам. Каде и да одам, се обидувам да направам некоја лудорија, на пример танцувам, а понекогаш и врескам на улица – немам никаков проблем да ги изразам своите чувства на јавно место.
Својата страст кон фотографијата и дигиталната уметност ја открив пред десеттина години. Фотографијата ви дозволува да го видите тоа што другите луѓе не можат, да овековечите уникатни мигови и чувства. Својата инспирација ја црпам од разни извори: интернет, филмови, анимации и сѐ што е лудо или фантастично.
Во својата работа доста употребувам Фотошоп. Уживам да фотографирам и потоа да ги едитирам создавајќи нови концепти – надреални, прекрасни, магични.
Величествено светло
Водејќи ги овците
Утринско ехо
Мрзлив гуштер
Црвено дрво
Лице в лице
Сјајна врата
Ништо не може да ги засени моите сништа
Слободата не е сон
Нежно морско движење
Прекрасен ден за пливање
Нуркање во небото
Тајната врата 2
Шума во боја
Заглавен во плиткото
Рибарот мечтател
Лагите за темната шума
Виснат
Следбеникот мечтател
Брзање
Лека ноќ
Уште еден цветен ден во мојот живот
Смирувачка светлина на ноќта
Како изгледаше светот
Вистинска боја
Јавач во пустината без прав
Кога ќе се случи магија