Новороденче од Магура, Бангладеш, има ретко нарушување поради кое изгледа како 80-годишен старец. Има брчки, свиснато тело и густи влакна на грбот. Локалните доктори останале зачудени не знаејќи која е причината за ова, но веруваат дека детето има прогерија. Ова нарушување кое погодува едно дете на секои четири милиони често ги спречува таквите деца да имаат нормален живот и предизвикува нивното тело да старее многу побрзо отколку што би требало.

pg01

Докторот кој го лекува вели дека бебето и воопшто не личи на бебе. „Има истакнати знаци на стареење како збрчканост и груба текстура на кожата.“ Но, нивните родители сметаат дека нивното дете е „чудо“ и не можат да ја скријат среќата. Таткото Бисвајт Патро вели: „Можеме само да му благодариме на Бог. Нема потреба да бидеме несреќни поради изгледот на мојот син. Ќе го прифатиме таков каков што е. Многу сме среќни што ни се роди син во куќата. Веќе бевме благословени да имаме ќерка. Сега сме четиричлено семејство. Што друго би можеле да посакаме?“

pg01

Г-н Патро и неговата сопруга Парул имале бројни посети од љубопитни луѓе кои го посетуваат нивниот дом сакајќи да го ѕирнат нивниот син. Докторите го убедуваат семејството дека бебето сега за сега ќе биде добро. Родителите се со позитивен став и се надеваат дека тој ќе израсне во здрав човек, и покрај тоа што повеќето деца со вакво нарушување вообичаено не живеат повеќе од тринаесет години.

pg02 pg03

Прогерија е нарушување предизвикано од една грешка во генот која предизвикува тој да почне да произведува абнормален протеин. Кога клетките го користат овој протеин – наречен прогерин – тие полесно се оштетуваат, поради што организмот брзо старее.

pg05

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено