Дива Холандс од Епсом, Англија, поранешна балерина и млада мајка, споделува дека се бори со екстремно паѓање на косата по години носење на косата во стегнато репче и пунџа. Холандс ги облекла балетанките на само три години и се школувала во Кралското балетско училиште. Согласно балетските потреби, таа морала да носи стегната пунџа, при што косата ѝ била зачешлана наназад со чешел и потоа прицврстена со десеттина шноли.
22-годишната Холандс смета дека овој начин на носење на косата причинил ќелавеење речиси до средината на нејзиниот скалп. Поради тоа често ѝ се потсмевале, поради што развила несигурност која се пренела и во нејзиниот живот како возрасна личност. По две пораѓања, косата почнала уште повеќе да ѝ опаѓа.
Тракционата алопеција, ќелавеење предизвикано од стегнати фризури кои го влечат влакното не е ново нешто и е чест проблем кај луѓето кои сакаат да ја носат косата врзана. Во 2015 Холандс се подложила на осумчасовна хируршка трансплантација на фоликулите. Благодарение на тоа, таа денес има нов изглед, и судејќи според нејзиниот Инстаграм профил, таа се чувствува сосема удобно со својата нова фризура. А што се однесува до вас, размислете двапати пред да решите да ја имитирате Ким Кардашијан, на пример.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!