Дроновите веќе не се новост, како ни беспилотните воени летала. Следниот чекор? Беспилотни комерцијални летала. Токму тоа и се планира, иако статистиката на авионските несреќи е многу мала, тие кои се случуваат се сѐ потешки за решавање. Затоа истражувачите го земаат предвид човечкиот чинител. Со оглед на тоа што 95 отсто од летовите и така е веќе автоматизиран, зошто тоа не би било така и со останатите 5 отсто?

lt01

Компјутерот не може да се измори ниту да лети пијан. Не може ни поради стресот намерно да сруши авион. Токму овие аргументи се користат во настојувањето да се воведат беспилотни комерцијални летови. Но, додека да дојде време да се возиме во Ербас без пилот, во Кина веќе претставија поедноставни беспилотни летала за превезување патници. Кинеската компанија Еханг го претстави својот патрични дрон, квадрикоптерот Еханг 184. Во него може да патува само еден човек со помал ранец, и е опремен со клима уред и светло. За да полета, патникот мора да го постави планот на летот, да клине полетување и слетување на таблетот, а компјутерот го сработува останатото.

lt02

Ербас групата работи на Вахана, летечки автомобил за патници или товар, а во составот на еден европски проект наречен Мајкоптер се бара начин како управувањето со хеликоптер да стане едноставно како и возењето автомобил, со многу малку обука. И сепак, многумина кои се возат во авиони не се многу воодушевени од замислата да седнат во авион со кој би управувал компјутер.

Сподели на Facebook
пати видено