Оваа градина во Јапонија е дом на околу осумстотини статуи кои се толку добро направени што изгледаат како вистински луѓе, па ви се чини како да ве набљудуваат каде и да тргнете. Скулптурите се направени кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век на барање на моќниот локален претприемач Муцуа Фуракаве, а нивната вредност се проценува на околу 80 милиони долари.

jp

Иако многу од нив претставуваат будистички верници, добар дел од скулптурите претставуваат луѓе кои Фуракава ги познавал во текот на животот и со кои сакал да го мине векот. А најголемата статуа го претставува него и гледа кон целиот парк. Се верува дека неговата желба била паркот да стане место за опуштање, но и да им помогне на жителите преку зголемување на туризмот. Така селото во кое се наоѓа паркот набргу станало познато по називот Фуреаи Секибуцу но Сато, што во превод значи „Селото во кое можете да сретнете будистички статуи“.

Денес местото навистина е претворено во туристичка атракција, но ако сте помислиле дека тоа е единственото необично село во Јапонија, сте се излажале. Јужно од него, во селото Нагоро, една жена мртвите луѓе ги заменуваа со кукли во природна големина. Направила повеќе од 350 такви кукли кои исто така привлекуваат бројни туристи, па така, ако некогаш патот ве однесе во Јапонија, имате уште две одредишта кои заслужуваат да се посетат.

Сподели на Facebook
пати видено