Муслимански лидер сака австралиските власти да му дозволат да се ожени и со втора жена, а неговата сегашна сопруга му кажала дека нема никаков проблем со тоа. Кејсар Трад, кој е претседател на Австралиската федерација на исламски совети, вели дека е природно за мажите да имаат повеќе од една жена и дека е подобро да имаат две сопруги наеднаш наместо да се разведуваат од првата.

ms01

Трад се повикува на шеријатскиот закон кој на мажите им дозволува да имаат до четири жени, и упатил апел истиот да се прифати и во Австралија. Неговата жена Ханифе инсистира дека не би ѝ пречело ако нејзиниот маж се ожени со втора жена, велејќи дека нема право му создава пречки во животот.

ms02

„Знам дека австралиското општество има проблеми со тоа, но би сакал тоа да сфати дека исламот всушност го ограничува многуженството. Исламот не ги вовел повеќепартнерските врски. Човештвото го практикувало тоа многу пред него.“

ms03

Трад сакал втора жена уште од 1998 година, но во тоа му попречувал австралискиот закон со кој полигамијата е строго забранета.

Сподели на Facebook
пати видено