Биологот, писател и криптозоолог Иван Сандерсон во 1972 напишал статија наречена „Дванаесетте ѓаволски гробишта од ширум светот“ објавена во списанието „Сага“. Во неа тој опишува 12 географски локации од ширум светот, наречени „Зли вители“, познати по мистериозните исчезнувања кои се случиле во нив со текот на годините.

Дванаесетте Зли Вители

isc00

Како што забележува Сандерсон, интересното кај овие дванаесет места е тоа што едно од друго се на еднаква оддалеченост и се еднакво поделени со Јужниот и Северниот повратник. Ако во вителите се вклучат и Северниот и јужниот пол, сите заедно на Земјата образуваат форма на икосаедар.

Мохенџо-даро

isc01

Во средината на долината на реката Инд, во близина на денешен Синд Пакистан се појавила плодна цивилизација којашто траела 700 години во периодот помеѓу 26. и 19. в. пр.н.е. Нејзиното име било Мохенџо-даро, еден од најнапредните градови во тоа време.

Бермудски триаголник

isc02

Познато и како Ѓаволовиот триаголник, овој мал морски простор е озлогласен по бројните исчезнувања кои наводно се случиле токму тука. Оние што се занимаваат со паранормални појави претпоставуваат дека се работи за грабнувања од НЛО, или можеби за остатоци од технологијата на изгубениот град Атлантида.

Вулканот Хамакулиа

isc03

Лоциран југоисточно од Хаваи, овој подводен Вулкан е место на бројни исчезнувања на бродови и авиони.

Алжирски Мегалити

isc04

Овие мистериозни древни рушевини се сместени јужно од Тимбукту.

Ѓаволово море

isc05

Позната и како Триаголник на змејот, во оваа област исчезнале пет јапонски воени бродови во периодот 1952-1954. Кога испратиле брод со научници да ја истражат областа, и тој брод исто така исчезнал.

Северниот пол

isc06

Не е некое изненадување дека овде се случиле голем број на исчезнувања, со оглед на животните услови.

Мегалит во Зимбабве

isc07

Се вели дека овие изгубени цивилизации оставиле толку величествени траги што Европејците од 19. век не можеле да си признаат дека биле изградени од Африканци и верувале дека сигурно се работи за некакво западно влијание врз африканската култура.

Велигденски острови

isc08

Домот на мистериозните „моаи“ статуи, овој полинезиски остров е место кадешто се случувале разни грозни нешта како канибализам и поробување на луѓе. Некои мислат дека чудните статуи биле поставени од вонземјани.

Јужно-атлантска аномалија

isc09

Оваа област е точката кадешто внатрешниот појас на зрачење на земјата е најблиску до површината, предизвикувајќи пречки кај вселенскиот телескоп „Хабл“ и Меѓународната вселенска станица.

Нови Хебриди

isc10

На ова место се наоѓа една од најдлабоките точки во океанот, веројатно полно со древни тајни и неоткриени суштества.

Вортонски басен

isc11

Едно од последните исчезнувања на ова место е авионот на Малезија Ерлајнс 370. Во април беа лоцирани сигнали од авионската црна кутија на овој простор.

Јужниот пол

isc12

Тоа што беше кажано за Северниот пол, важи и за јужниот. Временските услови, долгото отсуство на сончева светлина, сето тоа се доволни причини за мистериосни исчезнувања.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено