Измамник го сменил својот пол за да заведува стари и психички нестабилни мажи за да им го присвои имотот. Човекот се претставувал како медицинската сестра Ивана Здравка Јосипа Радош, а вистинското име му било Тото Губиќ, по потекло од хрватскиот град Бјеловар.

tr

„Таа личност на мојот татко му се претставила како медицинска сестра“, вели Рената, ќерка на Алојзие, 78-годишна жртва на измамникот. Измамникот бил брз и во текот на следните два дена од сметката на старецот исчезнале 13 700 куни (околу 1825 евра).

Оваа нашминкана и накитена „сестра“ сега носи фустан, но порано работел како „исцелител“ и лечел од уроци. Едниот ден ќе закопа некого, а веќе следниот ќе убедува друг дека носи негови близнаци. Ситуацијата брзо кулминирала. Никој не знаел каде се наоѓа Алојзие, неговото исчезнување било пријавено во полицијата. Кога го нашле и кога ќерката отишла кај него во болница, нејзиниот татко бил во кома.

„Излегов да извадам извод од матичната книга и државјанство на татко ми и тогаш го доживеав првиот шок кога дознав дека тато истиот тој ден кога завршил во болница, пред еден час склопил договор со таа личност за животно партнерство“, раскажува Рената. Набргу потоа Алојзие починал. Набргу потоа следел нов шок. Имено, Ивана Здравка потпишала договор за издржување со нејзиниот татко. На тој начин Ивана Здравка Јосипа Радош станала сопственичка на трокатница во загребачка Дубрава.

Кога Рената го видела документот, знаела дека нејзиниот татко се потпишува со Алојзие, а не Алојз, како што пишува во договорот, што било сомнително. Измамата ја разоткрила новинарка која договорот го однела на графолог кој утврдил дека потписот е фалсификуван.

Но, приказната се продолжува. Една недела по смртта на Алојзие, во истата куќа се нашол друг постар маж. Но, семејството на тој човек го пријавила неговото исчезнување и полицијата го нашла и го вратила во неговиот дом во Јајце. Пред да го лоцираат и да го вратат на неговото семејство, Ивана Здравка објавила дека носи негови близнаци. И неверојатно, но човекот од Јајце потпишал дека ги признава како негови деца!

Сподели на Facebook
пати видено