Дефиниција за црн хумор:
Црниот хумор е како пар нозе – не секој го има.

– – – – – – –

Таа беше толку грда, што кога отиде да си купи маска за карневалот и дадоа само ластиче…

– – – – – – –

Болница. Оддел за анорексични. Лекарот ги поздравува:
– Здраво, орли!
– Докторе, ама какви орли сме ние?
– Аааааа, а вчера кој леташе кога ги пуштивме вентилаторите, а, а?

– – – – – – –

Со жената одлучивме дека не сакаме да имаме деца. Децата тешко го прифатија тоа и веќе два дена не престануваат да плачат…

– – – – – – –

Млада девојка во трафика:
– Еден Davidoff молам.
Продавачот:
– Со заби или со дроб?

– – – – – – –

Хитлер:
Убиства – неколку милиони!
Умирања – 1
Ебати гејмерот!

– – – – – – –

– Верувате ли во живот после смртта? – Го прашал старешината војникот.
– Да, господине.
– Добро, бидејќи откако во петокот си заминавте на отсуство, за да отидете на погребот на баба ви, таа дојде да ве види.

– – – – – – –

– Тато, како се разликува добриот човек од лошиот?
– Многу едноставно – го фрлаш во водата. Ако излезе на површината – значи е лајно…

– – – – – – –

Оди нем човек со скии на рамото. Спроти него доаѓа друг човек и го прашува:
– Здраво, пријателе, каде си тргнал?
Немиот скијач на тоа само прави гестови на скијање со рацете.
Другиот гледа, нешто се мисли и конечно прашува:
– Аха! А скиите за што се ти?

– – – – – – –

Отидов во аптека, ги разгледав цените, решив дека е поевтино да умрам. Отидов во погребална фирма, ги разгледав цените, се вратив во аптеката.

– – – – – – –

Платен убиец нарачува погребен венец со лента.
Продавачката прашува:
– Што да пишува на лентата?
– Напишете „Извини пријателе, се препознав!“

– – – – – – –

– Мажу, ова навистина ли е паметен телефон, специјално за селфи-слики?
– Да, секако!
– Хм, чудно… зошто го направиле со форма на пиштол?
– Мори доста прашуваш, ајде сликај се, сликај!

– – – – – – –

– Ало, мртовечницата ли е тоа?
– Да господине. Што можеме да сториме за Вас?
– Сакам да резервирам место за двајца.

– – – – – – –

– Душо, што ќе правиш, ако одеднаш умрам?
– Не знам, мила. Зависи од тоа дали судот ќе ме ослободи.

– – – – – – –

Слепец поминува крај продавница за риба и вели:
– Здраво девојки!

– – – – – – –

Разговор помеѓу момче и девојка.
Тој:
– Маче, како го доби тоа прекрасно тело?
Таа:
– Со пливање.
Тој:
– А да си ја натопеше малку и главата…

– – – – – – –

– Ја затеков жената со најдобриот пријател.
– И?
– Ја избркав од дома.
– А пријателот?
– Му реков „Долу, Рекс! … Мирен!“

– – – – – – –

Едно комшиско дете ме отепа со муабетот:
– Тетке, ти зошто се шминкаш веќе два часа?
– За да станам поубава, чедо мое.
– А зошто не стануваш?

– – – – – – –

Падобранците што скокање во Африка без оружје, локалните племиња ги нарекуваат „хуманитарна помош“.

– – – – – – –

Умрела Стојанка. Отишол мажот и Киро да објавува некролог во весник.
– Господине до 5 зборови огласот ви е бесплатен. Што да напишеме? – Прашува службеничката.
– „Стојанка почина.“
– Само тоа ли? Остануваат уште 3 бесплатни зборови.
– Добро, напиши тогаш – „Стојанка почина. Продавам Golf тројка.“

– – – – – – –

Најмалите книги на светот:
– Црногорски кодекс на трудот
– Сомалиски готвач

– – – – – – –

Иванчо трча и задишан влегува во кујната кај мајка си:
– Мамо, мамо… тато е на балконот и сака да скока!
А мајка му смирено готвејќи му вели:
– Оди потсети го тој малоумник дека од неверство растат рогови, а не крила…

Сподели на Facebook
пати видено