Шестгодишно дете од Америка напишало писмо до американскиот претседател Обама прашувајќи го дали малото сириско момче – чиешто лице стана иконска слика за ужасната цена на конфликтот во Сирија – би можело да дојде да живее со неговото семејство.

pr01

Срцепарателната слика со петгодишниот Омран Дакниш, сиот прекриен со крв и прав по уништувањето на неговата куќа во Алепо, минатиот месец ги трогна срцата на луѓето ширум светот – вклучително и на едно мало дете по име Алекс, кое живее во Скарсдејл, Њујорк. Во писмото до Обама, Алекс вели: „Ние ќе му бидеме семејство и тој ќе ни биде брат.“

pr02

Во среда вечерта Обама објавил видео со Алекс како го чита своето писмо – и тоа видео набргу стана популарно, привлекувајќи повеќе од 13 милиони видувања дневно.

„Драг претседателе Обама, се сеќаваш ли на детето кое беше собрано од амбулантата во Сирија?“ прашува Алекс во видеото. „Дали би можел да го доведеш во нашиот дом. Ние ќе му дадеме семејство, а тој ќе ни биде брат.“ Алекс исто така спомнува дека има пријател од Сирија по име Омар и дека би можеле да си играат заедно.

pr03 pr05 pr04

Обама пишува: „Ова се зборови а шестгодишно момче – мало дете кое сѐ уште не научило да биде цинично или сомничаво или да се плаши од другите луѓе врз основа на тоа од каде се, како изгледаат и како се молат. Сите ние би требало да бидеме повеќе како Алекс. Замислете како би изгледал светот кога би биле такви. Замислете ги сите страдања кои би можеле да ги олесниме и животите кои би можеле да ги спасиме. Сите ние можеме да научиме од Алекс“, вели американскиот претседател.

Сподели на Facebook
пати видено