Многу земјани со душа го чекаат денот кога ќе пристигнат радио сигнали од некоја друга планета, но прочуениот физичар Стивен Хокинг предупредува дека би требало многу добро да размислиме пред да одговориме.

pl01

Стивен Хокинг се појавува во интернет филм во кој патува до Глизе 832 ц, планета оддалечена 16 светлосни години, за која вели дека би можела да е населена од интелигентна форма на живот. Но, кога би се сретнале со напредната цивилицазија, Хокинг вели дека би можело да се случи слична работа како кога домородните Американци за првпат се сретнале со Кристофер Колумбо – а тоа не поминало баш најдобро, како што вели тој.

„Џарејќи се во ѕвездите, секогаш си замислував дека има некој што гледа наваму“, вели Хокинг во филмот наречен „Омилените песна на Стивен Хокинг“. „Како што стареам, како никогаш порано сум убеден дека не сме сами. По цел живот прашување, помагам да се поведе глобален напор да се дознае тоа.

pl02

Проектот „Брејктру Лисн“ ќе ги скенира најблиските милион ѕвезди за знаци за живот, но јас го знам вистинското емсто од каде да се почне. Еден ден можеби ќе добиеме сигнал од планета како Глизе 832ц, но не треба да брзаме да одговориме.“

pl03

КјуриозитиСтрим, мултиплатформа за научно-популарни документарни филмови, го претстави ексклузивниот 25-минутен документарен филм, кој гледачите ги води на лично патување низ просторот и времето, истражувајќи ги чудесата на вселената. По посетата на огромната црна дупка Стрелец А*, Хокинг патува до Глизе 832ц, за која вели дека е егзопланета која во универзумот најмногу наликува на Земјата и би можела да биде планета со најдобри услови за вонземен живот.

pl04

„Во изминатите години најдовме илјадници планети надвор од нашиот сончев систем“, вели Хокинг во филмот. „Некои беа пеколни пештери од оган и лава, додека други беа цврст дијамант настанат од мртви ѕвезди. Но, некои се како нашиот дом и неверојатно, но најдовме една која е на само 16 светлосни години оддалеченост, веднаш пред нашиот праг.“

Глизе 832ц е „супер-Земја“ и е најмалку пет пати поголема од нашата планета. Според меѓународен тим астрономи, егзопланетата е во населивата зона на ѕвездата Глизе 832, токму на вистинската оддалеченост од неа која би овозможила постоење на течна вода на нејзината површина.

pl05

„Наоѓањето интелигентен живот би можело да биде најголемото откритие во историјата – би не принудило да се промениме“, вели Хокинг. „Би морале да се откажеме од идејата дека сме уникатни и ќе мора да почнеме да се однесуваме со повеќе сочувство и понизност“, вели познатиот научник.

Сподели на Facebook
пати видено