Млада мајка речиси била претепана до смрт од страна на нејзиниот партнер кога одбила да има сексален однос со него. 32-годишната Стефани Литлвуд завршила со скршена вилица и сериозни нагмеченици кога нејзиното бившо момче Вејн Хобан се обидел да ја задави и ја удирал со тупаници по лицето.

bd01

Оваа млада жена од Лидс, мајка на едно дете, храбро ги споделила сликите со себе како лежи во својот болнички кревет во кој завршила во бесознание по нападот во април оваа година, поради кој Хобан добил затвроска казна од 16 месеци. Таа раскажува како 24-годишниот Хобан западнал во пијан бес кога таа одбила да има сексуален однос со него, по што тој ја турнал на креветот, удирајќи ја „40 или 50 пати“, како што раскажува.

„Во април, мојот тогашен партнер Вејн Хобан речиси ме претепа до смрт“, вели таа. „Цела ноќ беше добро расположен кон мене и сакаше да има секс, но бидејќи го одбив стана лут и агресивен. Ме турна на креветот, и јас се расплакав под покривката а тој си замина. Неколку секунди подоцна се врати бесно тргајќи ја покривката од мене, ме зграпчи за глуждот и ме извлече од леглото. Ме фрли на подот, а потоа седна врз мене, така што не можев да мрднам, постојано удирајќи ме четириесет или педесет пати.“

bd02 bd03

При бруталниот напад ѝ биле избиени три заби, за на крајот да заврши со скршена вилица.

„Постојано ме удираше од левата страна на лицето, ми ја скрши вилицата, ми скрши три заба, и тоа еден заден, а исто така ми поткрши и еден од предните заби. Ме онесвести и потоа продолжи да ме тепа“, вели таа.

bd04

Литлвуд, која има едногодишна ќерка, била однесена во болница и имало опасност да заврши со оштетување на мозокот по нападот на нејзиниот партнер со кој била седум месеци. Таа споделува дека замалку ќе претрпела ментален слом поради травматичното злоставување.

„Секој ден мора да се справував со последиците од тоа што тој го направи. Секогаш кога ќе си ги мијам забите, ќе се погледнам во огледало и ќе видам што ми стори“, вели таа. „Неговите удари ми ги изместија забите, така што празното место од забот кој ми го скрши веќе не е доволно големо за да собере заб. Отпрвин не сакав да излегувам од дома – толку бев вознемирена, целосно ја изгубив самодовербата. Но, луѓето постојано ми велеа дека не можам да се кријам и дека не е моја вина, па така почнав да сфаќам дека се во право.“

bd05 bd06 bd07

Литлвуд сега донесе храбра одлука да проговори за ужасното злоставување од страна на Хобан.

„Сакам да ги предупредам другите жени какво чудовиште е тој“, вели таа. „Јас нема од што да се срамам – тој треба да се срами. Нема да се кријам.“

bd08

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено