Загатката е следна: Бејзбол палката и топката заедно чинат 1 долар и 10 центи. Палката е за 1 долар поскапа од топката. Колку чини топката?
Професорот на Харвард кој ги тестирал студентите им задал уште 2 слични задачи, а успешноста на овој тест покажала кој каков студент е.
Задача 2: Ако 5 машини за 5 минути прават 5 играчки, колку време ќе им треба на 100 машини да направат 100 играчки?
Задача 3: Едно езеро е покриено со водни лилјани (листови). Секој ден површината покриена со листови се дуплира. Ако му требале 48 часа да се покрие цело, за колку време е покриено половина езеро?