Младенци од Сандерленд кои се запознале играјќи ги џуџињата на Снежана се венчале на свадба како од бајките. Лора Витфилд, која е висока 1,2 метри му предложила брак на 0,9 метри високиот Натан Филипс еден месец пред раѓањето на нивниот син, единственото дете со двоен дварфизам во Британија. Натан Помладиот се родил со две различни форми на дварфизам, ахондроплазија како неговата мајка и псевдоахондроплазија како неговиот татко, поради што докторите предвидувале дека нема да живее подолго од неколку часа.
Но, две години подоцна, здравото дете ги носело прстените на свадбата на неговите родители. 26-годишната Лора и 37-годишниот Натан од Сандерленд се запознале додека играле во „Снежана и седумте џуџиња“. Се венчале во присуство на педесеттина нивни најблиски роднини и пријатели.
„Чекавме толку долго да се венчаме за малиот Натан да биде доволно голем да ги носи прстените“, вели Лора. „Знам дека луѓето имаат предрасуди кон нас бидејќи сме мали, но ние сме како и сите други. Единственото што е различно е нашата височина.“