Ви се патува ли до Нова Шкотска? Би можеле да живеете таму само доколу останете доволно долго. Фармерс Дотер Кантри Маркет, фарма и пекарница од Вајкокома, село на истокот од Нова Шкотска, објавила Фејсбук оглас на 28 август нудејќи бесплатно парче земја ако останат да работат пет години. Фармата сега бара тројца работници и дополнителни четворица напролет.

kanada3

Фармата се наоѓа на островот Кејп Бретон, област каде што има „изобилство од прекрасна земја и можности“, како што велат сопствениците, но малкумина би живееле таму.

kb

„Кејп Бретон е прекрасен но нашето население се намалува“, велат сопствениците Сенди Меклин и Хедер Куломби. „Во минатото се гледаше решение во индустрискиот развој, но тоа се одразува на нашата природна средина. Мислиме дека има и подобар начин.“

kb

Тој подобар начин според Меклин и Куломби е да се нудат работни места на фармата и да се ветува бесплатна земја. Маркетот не може да понуди плати повисоки од 10-12 долари, на крајот на краиштата се работи за мало село од осумстотина жители. Но, секој кој би останал да работи подолго од пет години би добил хектар земја без никакви обврски. За време на петте години минати на фармата, сопствениците би им помогнале да најдат сместување во градот. За земјата конечно да се најде во нивна сопственост, работниците само ќе треба да ги платат законските трошоци за префрлувањето на имотното право.

kanada

kanada2

kanada4

kanada5

Сподели на Facebook
пати видено